Евролигата може да и ја „замрзне“ лиценцата на Басконија

187

Евролигата може да и ја замрзне лиценцата на екипата на Басконија и покрај тоа што сезонава играат солидно во елитното европско кошаркарско натпреварување. За разлика од резултатите во Евролигата, резултатите во домашната АЦБ лига не им се добри и екипата моментално е на деветтото место на табелата од 18 екипи.

Според член 6.1.4 од правилникот, Евролигата може да им ја замрзне лиценцата на клубот доколку не биде исполнет еден од осумте услови, а меѓу нив се наоѓа ставката „лошите настапи и резултати во домашното првенство“.

Басконија е деветта со два натпревари до крајот на сезоната и две победи повеќе во однос на Хувентуд. Но Хувентуд има подобар меѓусебен скор, а Басконија до крајот треба да игра со Мурсија и првопласираниот Реал Мадрид, па ако падне на десеттото место тогаш може да биде активирана оваа ставка.

Сепак, веројатноста е мала, затоа што овој член во правилникот не се активира по автоматизам, туку ако Евролигата реши да им ја одземе лиценцата може да го стори тоа. Тоа значи дека потенцијалната дисквалификација на клубот од Баскија и понатаму е во доменот на теорија.

ПретходноШампионот со убедлив триумф до 2:0 над ТФТ во полуфиналето на плеј-офот (ФОТО)
СледноЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Без голови во Париз, Борусија (Д) го запре нападот на ПСЖ