Петков пред вториот дуел со ТФТ: Свесни сме дека сме фаворити, ќе сториме се за да ја оправдаме улогата

53

Кошаркарите на МЗТ Скопје вечерва (вторник) ќе ги одмерат силите против ТФТ  (19 часот) во вториот меч од полуфиналната плејоф-серија од домашното првенство во која водат со 1-0, а која се игра до три победи. Во пресрет на овој дуел, своите размислувања ги искажа најмладиот во тимот, Марин Петков.
Нѐ очекува уште еден натпревар со ТФТ, тим што е квалитетен и незгоден, а што го покажа и во сите претходни меѓусебни дуели сезонава. Свесни сме дека сме фаворити и не бегаме од тоа. Подготвени сме да одиграме агресивно и на највисоко енергетско ниво, бидејќи само така ќе може да дојдеме до целта. Ќе сториме сѐ за да дојдеме до победата и уште повеќе да се доближиме до финалето.“, изјави Петков.

ПретходноАнчелоти: Сега уживаме во титулата, утре сакам фокусирање, Лунин пред Куртоа на голот…
СледноМитревски верува во пласман на СП: Треба да бидеме максимално фокусирани!