Шампионот со убедлив триумф до 2:0 над ТФТ во полуфиналето на плеј-офот (ФОТО)

55

Шампионот МЗТ Скопје А. ја оствари и втората победа во полуфиналето на плеј-офот во домашниот шампионат. Вечерва во салата „Јане Сандански“, МЗТ Скопје А. славеше убедливо против градскиот ривал ТФТ со 91:67 и поведе со 2:0 во серијата за пласман во големото финале.

За разлика до првиот меч во кој ТФТ се држеше одлично во сите 40 минути, овој пат избраниците на тренерот Атанасов уште во првиот период направија голема разлика која го најави вториот триумф. МЗТ Скопје А. го доби првиот период од мечот со 24:10, по што следуваше уште едне период на доминација и убедлива предност од 21 поен на полувремето (50:29).

ТФТ малку ја стабилизираше играта во третиот период во кој успеа да стопи дел од негативата. Сепак до крајот домашните не попуштија и на крајот дојдоа до нов убедлив триумф. Делалиќ со 20 и В. Стојановски со 15 поени беа најефикасни во редовите на шампионот.

Третиот меч од серијата е закажан во СРЦ „Кале“ в сабота.

ПретходноДиего Коста е херој во Бразил, со пријателите спасил 100 луѓе погодени од поплавите (ВИДЕО)
СледноЕвролигата може да и ја „замрзне“ лиценцата на Басконија