Ако ја освојат ЛШ: Секој играч на Реал ќе добие премија од 1,4 милиони евра!

157

Дон Флорентино Перез и дефинитивнио нема намера да штеди кога е во прашање премијата во случај Реал Мадрид ја освои Лигата на Шампионите. Како што пишува денеска “Марка“, ветено им е на играчите вкупна премија од 40 милиони евра или за секој посебно во 1,4 милиони евра.

Се разбира ова е фантастична сума и за играчите на Реал кои и онака се милионери.

Да потсетиме дека во 2022 година кога Реал последен пат беше шампион на Европа, премијата изнесуваше околу 900.000 евра по играч, или 500.000 евра помалку од она што сега им е ветено.

Сепак за да дојдат до таа сума од 1,4 милиони евра, играчите на Реал ќе треба прво вечерва да го елиминираат Баерн Минхен, а потоа во финалето на “Вембли“ во Лондон на 1 јуни да бидат подобри и од Дортмунд.

ПретходноЛШ: Титаните во нова епска пресметка, Реал VS Баерн, битка за “Вембли“! (ФОТО)
СледноРијека е казнета со 4.500 евра по скандирањето “Цигане, Цигане…“ кон Македонецот Ристовски!