Барди со асистенција, Трабзонспор во финалето на Купот на Турција

47

Трабзонспор на нашиот Енис Барди ќе игра во финалето на турскиот фудбалски куп. Вечерва во реванш дуелот во полуфиналето, Трабзонспор како гостин славеше со 4:0 против екипата на Фатих и со вкупен резултат 2:7 успеа да се пласира во големото финале.

Барди беше стартер во составот на Трабзонспор и успеа да асистира при постигнувањето на вториот гол во 69. минута. Капитенот на нашата селекција остана на теренот до 82. минута кога беше заменет од Пепе.

Во финалето на 23 мај, Трабзонспор во битка за куп трофејот ќе се сретне со Бешикташ.

ПретходноНено имаше „дабл-дабл“, но Уникс загуби дома
СледноМисијата СП станува тешка: Македонија поразена со седум гола на гости кај Фарски Острови