Бостон и Оклахома поведоа во полуфиналната серија (ВИДЕО)

59

Бостон Селтикс и Оклахома Сити Тандер поведоа со 1:0 во полуфиналните серии.

Бостон во полуфиналето од Источната конференција го совлада Кливленд Кавалирс со 120:95 и со тоа стигна до почетната предност. Браун постигна 32 поени за Клитикс, Вајт додаде 25 поени, а Тејтум имаше 18 поени и 11 скока. Kај Кавалирс, Мичел повторно беше прво име со 33 поени, шест скока и пет асистенции, додека Мобли имаше дабл-дабл учинок од 17 поени и 13 скока.

На Западот до предност од 1:0 стигна Оклахома, која исто така со сигурни 117:95 го совлада Далас Маверикс.

Шеј Гилџес-Александер ја продолжи одличната сезона во тимот на Тандер, постигна 29 поени, додаде девет скока и девет асистенции. Кај Далас Ирвинг постигна 20 поени, а Дончиќ имаше една од поскромните партии со 19 поени, шест скока и девет асистенции.

ПретходноЛегендата на Реал (М) доаѓа во Ал Наср кај Роналдо
СледноЕнрике по елиминацијата: Фудбалот понекогаш е толку неправеден