Дарио Ивановски е првиот македонски спортист кој избори настап на ЛОИ во Париз

237

Македонскиот рекордер во маратон и најдобар македонски атлетичар на сите времиња, Дарио Ивановски е првиот македонски спортист кој избори пласман на Летните Олимписки Игри во Париз!

Дарио преку светската ранг листа во маратон обезбеди место во Париз, откако е рангиран на 78 место (70 се пласирани со норма, а 11 преку ранкинг, благодарение на резултатите потигнати во изминатата година).

Дарио во 2021 година стана и првиот македонец кој победил на Скопскиот маратон (2:21:27), а во изминатиов период блесна со неколку добри истрчани маратони, прво во Валенсија во почетокот на декември 2023 кога истрча одлични 2 часа 11 минути и 52 секунди, а за одбележување е оној маратон од Севиља во февруари каде постигна резултат од 2:08:26 часа, што беше покусо само за 16 секунди од Олимписката норма, и резултат кој го вивна во европскиот и светскиот крем на маратонци.

ПретходноДориев повторно во тимот на колото во Узбекистан (ФОТО)
СледноФановите се задоволни: Ова е дресот на Рома за новата сезона! (ФОТО)