Еуфорија под Шара: Шкендија се спрема за шампионска прослава во недела, сепак се прашува и Струга ТЛ!

1287

Во недела од 17 часот во рамките на 32.коло во ПМФЛ, во Тетово се игра мега – дербито меѓу Шкендија и Струга ТЛ, меч кој би можел да го даде и шампионот во оваа сезона.

Шкендија во пресрет на последните две кола има 61 бод, Струга ТЛ исто 61 а Шкупи 58. Чаирчани речиси ја загубија битката, но сепак имаат шанси, но не зависат само од себе.

Шкендија е во пол – позиција. Со било каква победа во недела против Струга ТЛ тогаш тетовци и официјално и дефинитивно се шампиони. Тука нема дилеми. Тоа ќе биде нивна петта титула во клупската историја и Шкендија на вечната листа ќе избие на второто место пред Работнички, Вардар е неприкосновен со 11 титули.

И Струга ТЛ може во недела да биде официјално шампион, тоа ќе биде нејзина втора титула во историјата. Сеуште актуелниот првак треба да слави на мега – дербито под Шара, но да чека и реми или пораз на Шкупи кој во недела во исто време игра на Чаир со Брера. Ако Шкупи слави над Брера, тогаш на 19 мај во последното коло на Струга ТЛ ќе и треба само бод против Шкупи.

Многу математики, но ние ќе се задржиме на она што не чека само во недела. А тоа е дека ако победи Шкендија станува шампион, ако победи Струга ТЛ ќе и треба и Шкупи да не победи против Брера.

Супер интересно ќе биде на 12 мај од 17 до 19 часот.

ПретходноКаде можете да гледате Фарски Острови – Македонија!
СледноЛШ: Титаните во нова епска пресметка, Реал VS Баерн, битка за “Вембли“! (ФОТО)