Манчестер Ј. е најскапиот фудбалски клуб во светот

112

Порталот за спортски бизнис „Sportico“ објави листа на водечките фудбалски клубови според нивната вредност. На првото место меѓу најскапите тимови во светот се наоѓа англискиот гигант Манчестер Јунајтед.

Според порталот, вредноста на Манчестер Ј. е 6,2 милијарди долари. Во првите десет најскапи фудбалски тимови во светот се и Реал Мадрид (6 милијарди долари), Барселона (5,2 милијарди долари), Ливерпул (5,1 милијарди долари), Баерн Минхен (4,8 милијарди долари), Манчестер Сити (4,7 милијарди долари), ПСЖ (4 милијарди долари), Арсенал (3,9 милијарди долари), Тотенхем (3,49 милијарди долари) и Челзи (3,47 милијарди долари).

ПретходноПорази на нашите тенисери на фјучерсот во Куршумлијска Бања
СледноКимих сака да оди во Барселона, но Каталонците немаат пари за трансфер