Навивачите во шок од новиот дрес на Сити: Ова е Фенербахче?

106

Навивачите на Манчестер Сити беа непријатно изненадени од потенцијалниот гостински дрес за новата сезона. Тој дрес е во нетипични бои за Сити, а многу навивачи сметаат дека е премногу сличен на оној на турскиот Фенербахче. Пума создаде дрес со пруги кои се протегаат по неа, а доминираат темно сините и жолтите бои.

Сити со Пума соработува од 2019 година, а Германците на Англичаните им платија 80 милиони евра. Сити моментално се бори за освојување на Премиер лигата, а во ФА Купот ќе игра во финалето против Јунајтед. Во Лигата на шампионите, тимот на Пеп Гвардиола беше елиминиран во четвртфиналето од Реал Мадрид на пенали.

ПретходноЃорческа сигурна во првото коло на фјучрсот Трнава
СледноЛазаров со две изненадувања против Фарски Острови