Реал да внимава: Тухел како гостин никогаш не загубил од “кралевите“!

64

Вечерва во Мадрид се игра реваншот од полуфиналето во ЛШ, Реал Мадрид го дочекува Баерн Минхен со Томад Тухел на клупата. И кога сме кај Тухел веднаш да кажеме дека Германецот со своите тимови кои досега ги водел никогаш, ама бап никогаш не бил поразен на гости кај Реал.

На тие четири меча има една победа и три ремија, па сега нека му ја мислат “кралевите“ ако се знае дека на првиот меч во Минхен беше 0:0.

Во сезоната 2016/17 како тренер на Дортмунд на гостувањето кај Реал одигра 2:2, во 2019/20 како стратег на ПСЖ на гости кај Реал одигра исто така 2:2. Во 2020/21 во сезоната кога со Челзи беше европски првак кај Реал одигра 1:1.

И во 2021/22 кај Реал победи со 2:3, но во реваншот во Лондон беше поразен со 1:3. Сепак се сметаат само мечевите на Тухел на гости кај Реал, а во нив досега нема пораз.

ПретходноТринаесетмина одбојкари на списокот за пријателските со Романија
СледноСудијата кој Модриќ го нарече катастрофа: Орсато по мечот ПСЖ – Дортмунд се расплака!