Трабзонспор ќе му исплати бонус на Барди за неговите одлични игри сезонава!

365

Енис Барди може да биде задоволен од своите игри сезонава во елитната лига на Турција, а исто така и Трабзонспор може да биде задоволен од настапите на својот фудбалер, инаку капитен на нашата репрезентација.

Денеска од Турција доаѓа веста, според договорот, Трабзон ќе му исплати бонус на нашиот репрезентативец. Имено Барди, покрај загарантираните 1,3 милиони евра годишно, ќе добие специјален бонус ако успее во текот на сезоната да биде дел од 10 голови, се сметаат постигнатите голови и асистенции. Барди веќе ја надмина оваа граница со учество во 11 голови за Трабзон.

Инаку не се открива колкав ќе биде тој бонус кој Барди треба да го добие од Трабзонспор.

ПретходноПо цена од 100 денари: Шкендија утре ги пушта во продажба билетите за мега – дербито со Струга ТЛ!
СледноФановите на Арсенал збеснаа по објавата од тренингот на Фулам!(ВИДЕО)