Фиорентина е првиот финалист во Конференциската лига на УЕФА (ВИДЕО)

79

Екипата на Фиорентина е прв финалист во Конференциската лига на УЕФА оваа сезона. „Виолетовите“ одиграа нерешено, 1:1 на гостувањето против Бриж во Белгија и благодарение на победата на првиот меч од 3:2 го потврдија местото во финалето.

Фиорентина го повтори успехот од минатата сезона кога играше во финалето на Конференциската лига, но сега ќе има можност да направи уште еден чекор и да го освои трофејот.

Бриж вечерва поведе по 20 минути игра со голот на Де Кујпер (ВИДЕО), а одлуката ја донесе Белтран со голот од пенал на пет минути пред истекот на регуларните 90 минути. (ВИДЕО)

ПретходноПолувреме: Македонија губи со четири гола на гости кај Фарски Острови
СледноНено имаше „дабл-дабл“, но Уникс загуби дома