Хит изјава: „Реал или Баерн? Нека има шест црвени картони, не ме интересира кој ќе победи!“

1236

Ако лани при крајот на мај тагуваше кога во последното коло ја загуби титулата во Бундеслигата, сега Един Терзиќ, стратегот на Дортмунд е во еуфорија. Тој го однесе својот тим во финалето на “Вембли“ кое ќе се одигра на 1 јуни. Дортмунд синоќа ја мина пречаката која се вика ПСЖ и заслужено се најде во големото финале.

Тренерот кој потекнува од овие екс – СФРЈ простори, на прашањето кого сака во финалето, Реал или Баерн, имаше хит изјава:

Вечер на мечот Реал и Баерн нека има шест црвени картони, се надевам, тоа е мојата желба. Не ме интересира кој ќе победи. Знам дека против кого и да играме на `Вембли` нема да бидеме фаворити. Тешко ќе биде, но ние ќе се обидеме да дојдеме до пехарот, ова е фудбал, се е можно“ посочи Терзиќ.

ПретходноСудијата кој Модриќ го нарече катастрофа: Орсато по мечот ПСЖ – Дортмунд се расплака!
СледноДалиќ ја напушта Хрватска, после ЕУРО 2024 се сели во Катар?!