Де Роси: Ова е година на Баер Леверкузен

136

Вечерва се играат полуфиналните натпревари од Лига Европа и Лигата на Конференции. Во Лига Европа, Рома ќе гостува на Баер Леверкузен и брка негатива од 0:2 од Рим. „Волчицата“ има тешка задача против новиот германски шампион и тимот кој нема пораз на 48 натпревари по ред.
Ова е година на Леверкузен. Ја освоија Бундеслигата. Имаат не само квалитет, туку и голема физичка сила и издржливост.
Вистински подвиг ќе биде да се излезе и да се победи со 2-0 на стадионот на екипа која сезонава нема пораз. Ќе мора повеќе да напаѓаме, прикажувајќи игра слична на онаа што ја прикажавме во првото полувреме во Рим. Се обидовме да притиснеме високо, но требаше да одиграме совршено. Имавме шанси, сепак, Баер подобро се снајде“, изјави Де Роси.
Во другото полуфинале Аталанта ќе игра со Марсеј. Првиот меч на „Велодром“ заврши 1:1.
Во Лигата на конференции Олимпијакос е домаќин на Астон Вила. Грците победија во Бирмингем со 4:3.
А Фиорентина веќе е финалист во ЛК откако успеа да го помине Клуб Бриж.

ПретходноБарди и Трабзон ќе играат во финалето на Купот на Турција
СледноСрбија и Албанија заедно ќе организираат ЕП во фудбал