Добрите работи не треба да се менуваат: Шпанија со Италијанецот до 2028 година!

93

Италијанскиот стручњак Серџо Скариоло го продолжи договорот со шпанската кошаркарска репрезентација, тој ќе остане селектор на Шпанија до 2028 година, соопшти денеска Кошаркарскиот сојуз на таа земја.

Скариоло е селектор на Шпанија од 2009 година, со двегодишна пауза од 2013 до 2015 година.

Со репрезентацијата на Шпанија, Скариоло ја освои титулата светски шампион (2019) и четири титули европски шампиони (2009, 2011, 2015 и 2022 година), како и два олимписки медали, сребро на Игрите во 2012 година и бронза во 2016 година.

Кошаркарите на Шпанија се уште не се пласирале на Олимписките игри во Париз. Пласман во Париз ќе се обидат на квалификацискиот турнир кој од 2 до 7 јули ќе се игра во Валенсија.

ПретходноАнчелоти продолжува да пишува историја!
СледноОвој викенд ќе биде посебен за Килијан Мбапе