Лазаров: Нема да губиме надеж, ни треба поддршка од публиката како никогаш до сега!

564

Македонската ракометна репрезентација не успеа да дојде до добар резултат на гостувањето кај Фарски Острови. Нашите момци одиграа меч под своите можности, па на првиот бараж натпревар за пласман на СП 2025 година беа поразени со убедливи 34-27.

Иако негативата е голема, сепак селекторот, Кирил Лазаров порача дека ќе се борат до крај, а од публиката побара да дојде во што поголем број.

„Фарски Острови беше подобар противник на вчерашниот натпревар и заслужено победи. Ни направија многу проблеми и во нашиот напад каде бевме приморани да играме „седум на шест“ доста време, а не сакавме да играме на тој начин.

Нивниот напад беше технички скоро перфектен, иако бевме спремни за нивниот систем на напаѓање, сепак истите работи поминуваа.

Нема да губиме надеж и ќе веруваме до крај. Имаме неколку дена да се консолидираме и да пробаме да ја анлуираме негативата од седум гола.

Ќе ни треба поддршка од публиката како никогаш до сега. Ќе се бориме и веруваме во позитивен исход во недела“, изјави селекторот, Кирил Лазаров.

Натпреварот меѓу Македонија и Фарски Острови се игра на 12 мај (недела) во СЦ „Борис Трајковски“, билетите веќе одамна се пуштени во продажба.

ПретходноАнчелоти: Баерн се жали за судењето? Океј, тогаш и ние ќе се жалиме!
СледноВаква сезона Баерн нема доживеано од 2012 година