Нашата каратистка Мишовска ќе се бори за злато на Европското првенство во Задар

208

Македонската каратистка Михаела Мишовска на вториот ден од Европското карате првенство за сениори кое се одржува во Задар, Хрватска, по четири извонредни мечеви се пласираше во финалето во борби во категоријата до 50 килограми.

Во првиот меч против репрезентативката на Италија, Петфето Ерминија, Михаела победи по резултат 7:7 со постигнато водство со СЕНШУ (прв освоен поен). Втората победа ја избори над репрезентативката на Грузија, Васаде Мариами, со резултат од 5:4. Во третиот меч славеше против Амос Корал од Израел со судиско изјаснување по резултат 2:2.

За влез во финалето Михаела славеше убедлива победа над Тзилиа Елени од Грција со 4:1. Во финалниот меч нашата каратистка за златото ќе се бори со домашната натпреварувачка, хрватската репрезентавка и неколку кратна освојувачка на медали, Ема Сгардели.

ПретходноАнтиќ и Георгиевски ќе бидат дел од Генералното собрание на ФИБА Европа
СледноГолден Арт го отпиша Вардар Неготино