Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов го продолжи договорот со унгаркиот Фехервар на уште две години. Инаку тој дојде во Фехервар во 2022 година од редовите на Залаегерсег, а претходно играше за Академија Пандев, Пелистер, Вардар.
„Првата сезона во Фехервар не одеше како што планирав, игравме лошо, а јас имав две повреди. Но оваа сезона е позитивна, а тоа го покажуваат и резултатите на тимот. Нашата цел е да ја освоиме едно од првите три места, а засега добро ни оди. Сепак, не се откажуваме од второто место и ќе се обидеме да го превземеме во последните две кола. Потоа ќе мислиме за следната сезона, јас лично сум задоволен што со клубот ја продолживме соработката и ќе играм за Фехервав и следната сезона“, изјави Серафимов за клупскиот веб-сајт.