У14: Второ реми против Словенија

347

Македонската селекција до 14 години одигра нерешено 1:1 против Словенија во рамките на вториот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции.

Нашата репрезентација прва се закани по голот на противникот уште во 4. минута. Крстевски во 16. минута имаше одлична можност, се најде сам очи во очи со противничкиот голман, но без реализација. Во 18. минута Словенија поведе со 1:0.

Во 52. минута Ристиќ имаше шанса за Македонија, но неговиот удар беше изблокиран во последен момент. Во 80. минута Павлов постигна еврогол со кој го израмни резултатот за конечни 1:1.

И првиот меч со Словенија нашите млади надежи предводени од Неџат Шабани го завршија без победник (2:2).

ПретходноИзненадувачки порази на Словенија и Полска
СледноШарлот има нов тренер