14-годишниот американски „вундеркинд“ потпиша профи-договор, Сити чека да стане полнолетен

159

14-годишниот американски „вундеркинд“, Каван Саливан, го потпиша својот прв договор со МЛС тимот Филаделфија. Според американските медиуми, кога ќе наполни 18 години, младиот американски фудбалски бисер ќе замине во Европа, и ќе го облече дресот на Манчестер Сити.

Денеска беше историски ден за американскиот фудбал и американскиот спорт воопшто, затоа што Саливан всушност го потпиша својот прв професионален договор со Филаделфија Унион.

Играчот од средниот ред, роден во 2009 година, го потпиша својот прв договор со МЛС франшизата на само 14 години и ќе го носи дресот со број 6. За него многумина сметаат дека е еден од идните феномени на светскиот фудбал.

ПретходноЃоргиев пред тест-дуелите со Романија: И за мене ова е еден нов почеток
СледноИзненадувачки порази на Словенија и Полска