Серафимов го продолжи договорот со Фехервар

267

Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов го продолжи договорот со унгаркиот Фехервар на уште две години. Инаку тој дојде во Фехервар во 2022 година од редовите на Залаегерсег, а претходно играше за Академија Пандев, Пелистер, Вардар.
Првата сезона во Фехервар не одеше како што планирав, игравме лошо, а јас имав две повреди. Но оваа сезона е позитивна, а тоа го покажуваат и резултатите на тимот. Нашата цел е да ја освоиме едно од првите три места, а засега добро ни оди. Сепак, не се откажуваме од второто место и ќе се обидеме да го превземеме во последните две кола. Потоа ќе мислиме за следната сезона, јас лично сум задоволен што со клубот ја продолживме соработката и ќе играм за Фехервав и следната сезона“, изјави Серафимов за клупскиот веб-сајт.

ПретходноОвој викенд ќе биде посебен за Килијан Мбапе
СледноУ16: Грашевски стрелец во поразот од Словачка