Поранешниот голман на Реал Мадрид и шпанската репрезентација, Икер Касиљас не се гледа себе си како тренер и објасни зошто.
„Тешко ми е да трпам 23 фудбалери. Не сакам да бидам тренер бидејќи сум темпераментен. Лесно избувнувам и можам да влезам во конфликт“, ја цитира Marca изјавата на Икер.
„Ми се допаѓа фудбалот, иако не го следам толку многу како порано, но кога Реал Мадрид игра врвен натпревар, сакам да го гледам“.
Во 2020 година, Икер Касиљас ја заврши својата играчка кариера, за време на која го освои секој можен трофеј со Реал Мадрид и шпанската репрезентација, вклучувајќи го и шпанското првенство, Лигата на шампионите, Светското првенство и Европското првенство.