Партизан го “реши“ Будуќност и се пласира во финалето во АБА!

138

Партизан вечерва како домаќин успеа со 100:86 да слави над Будуќност, во третиот меч од полуфиналето во АВА лигата и со тоа да стави точка на оваа серија од 2:1 и да се пласира во големото финале.

Иако резултатот веројатно тоа не го кажува, но Партизан се мачеше и на овој меч, имено во еден момент гостите од Подгорица имаа и водство од +6 поени, поточно со таа разлика се замина на пауза.

Но кога беше најпотребно четата на стратегот Жељко Обрадовиќ заигра како што треба и успеа да дојде до посакуваната победа.

Аврамовиќ со 20 поени блескаше кај победничкиот тим, додека Нанали и Пантер забележаа по 19 поени.

Се знае дека во финалето го чека мега – пресметка со вечниот ривал Ц. Звезда, тоа ќе биде кошарка за уживање.

ПретходноСкандал: Ѓоковиќ погоден со шише во глава! (ВИДЕО)
СледноСтоилковска запрена во полуфиналето во двојки