Џирона беше блиску, многу блиску до победа вечерва на гостувањето кај Алавес. Имаше 1:2 се до деветата минута од продолжението, но домашните со голот на Гуриди, тоа беше гол за конечни 2:2, дојдоа до реми а на гостите им „украдоа“ два златни бода во битката за второто место на табелата во Ла Лига.
Интересно, Гуриди израмни и на 1:1 во 12.минута откако Гарсија донесе водство за Џирона од 0:1 во 4.минута.
Во 44 минута можевме да го видиме моментот на оваа средаба кога Ерера постигна супер гол за водство на Џирона од 0:1.