Конечно заврши сагата: Мбапе и официјално објави дека си оди од ПСЖ! (ВИДЕО)

235

Очекувано, ако се знае дека во вторникот ПСЖ не успеа да избори пласман во финалето во ЛШ, и прашање беше само на час или ден кога Килијан Мбапе ќе објави дека си оди од ПСЖ.

Тоа се случи доцна попладнето кога преку видеозапис тој ја извести јавноста дека по завршување на сезоната си заминува од клубот во кој беше изминатите седум години.

За ПСЖ одигра 306 мечеви а постигна 255 голови.

Покрај другото Мбапе, кој сега се сели во Реал Мадрид, истакна:

Секогаш говорев за тоа дека ќе се обратам кога ќе дојде време за тоа. Па така ова е мојата последна година како играч на ПСЖ. Нема да го продолжам договорот и авантурата за неколку дена ќе биде завршена. Ми беше чест да бидам дел од најголемиот француски клуб“.

ПретходноПелистер го “скрши“ Работнички и поведе во серијата!
СледноНовак ја мина првата пречка во Рим!