Алими стрелец за Сепси во триумфот над Рапид Букурешт (видео)

99

Македонскиот репрезентативец Исник Алими беше стрелец на гол во победата на Сепси од 3:2 против Рапид Букурешт во Првата лига на Романија. Во 9 коло од плеј-офот за титулата, Сепси го совлада Рапид, а македонскиот фудбалер го одигра целиот меч и стрелаше прецизно за 3:1 во судиското продолжение на првото полувреме. Во второто полувреме играчите на Рапид промашија пенал, а потоа постигнаа гол за минимален пораз. А на Сепси во финишот му поништија гол поради офсајд.

За Алими ова е шести гол сезонава. Сепси е на петтото место на табелата.

ПретходноВладата на Бразил инсистира на прекинување на фудбалскиот шампионат
СледноЖРК Металург ја врати Александра Коловска