Супер интересен меч попладнево, во рамките на 35.коло во Ла Лига, одиграа Вињареал и Севиља, во кој на крајот славеа домашните и тоа со победнички гол во седмата минута од продолжението кој го постигна Сорлот.
Гостите двапати водеа и тоа со головите на Ел Несири за 0:1 и 1:2 во 26. и 44.минута. Од друга страна Сорлот израмни на 1:1, а 84.минута Мускера стрелаше за 2:2. на Домашните ВАР им поништи гол во 90+2.минута, но сепак пет минути подоцна Сорлот со својот втор гол донесе победа.