Екипата на Детонит попладнево во Гевгелија кај Кожув одигра 0:0, и со тој бод стави точка на својот пласман во оваа сезона во ВМФЛ. Овој тим е трет и како таков ќе игра бараж за пласман во елитната лига и тоа против тимот кој ќе биде на 10.место во ПМФЛ.
Беса на свој терен во рамките на 31.коло одигра само 0:0 со Башкими, а Пелистер со 1:0 славеше против Победа, во меч кој некогаш беше големо дерби.
Тетекс го победи Охрид со 2:1, екстра значајни три бода во битката за опстанок, победи и Саса на гости кај Карорман а Осогово освои бод кај Арсими.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 29.КОЛО
Арсими – Осогово 2:2
Беса – Башкими 0:0
Скопје – Беласица 2:2
Караорман – Саса 0:3
Кожув – Детонит 0:0
Пелистер – Победа 1:0
Тетекс – Охрид 2:1
Вардар (Н) – Новаци 2:1