ЖРК Металург ја врати Александра Коловска

177

Женскиот ракометен клуб Металург Автокоманда објави дека почнува да го гради ростерот за идната сезона во македонската Суперлига. Го објави и првиот трансфер, а ново име е Александра Коловска.
Се работи за кружен напаѓач, а таа се враќа во редовите на тимот од Автокоманда од редовите на Михаловце од Словачка. Таа беше и во младинските категории на Вардар исто така беше и младинска репрезентативка на Македонија, а има и настапи за сениорките.
„Александра веќе извесно време тренира со нашиот состав и прв настап ќе и биде уште в недела против екипата на Пелистер“, соопштија од Металург.

ПретходноАлими стрелец за Сепси во триумфот над Рапид Букурешт (видео)
СледноСити Парк Бојс прашуваат: Кои се лугето што успеаа да направат притисок врз судиите?!