Комо предводен од Фабрегас се врати во Серија А после 21 година!

360

Амбициозниот Комо од идната сезона ќе игра во италијанската Серија А. Тимот предводен од поранешниот фудбалер на Арсенал, Сеск Фабрегас го обезбеди второто место во Серија Б и стави крај на 21-годишното чекање за настап во елитната фудбалска лига. Пред нив промоција избори Парма.
Комо има амбициозен проект, оваа промоција е исполнување на еден дел од тој проект. Од идната сезона целта е да се засили и да нападне место во Европа. Меѓу акционерите на овој клуб е и поранешниот соиграч на Фабрегас и екс-француски репрезентативец, Тиери Анри.

ПретходноДенвер славеше во Минесота, блескаа Јокиќ и Мареј
СледноНовак се јави по бизарната повреда: Добро сум, се гледаме во недела