Додека Новак делел автограми по мечот со Муте во Рим, на едно дете му испаднало шишето од ранецот и го погодило Србинот во главата. Чиста случајност и чиста несреќа. Инаку по целата оваа случка и тоа поради повредите на главата, Новак е пренесен во болница а прес конференцијата е откажана.
Првиот светски тенисер се огласи преку социјалните мрежи и порача дека се враќа на терените.
„Ова беше незгода, но добро сум, одмарам во хотелот со ладна облога на главата. Се гледаме во недела“, пораќа Ѓоковиќ со што ги тргна сите дилеми околу тоа дали ќе биде спремен за мечот со Алехандро Табил во третото коло.