По вчерашната победа на првиот тренинг меч со Романците во градот Валчеа, македонската одбојкарска репрезентација денеска загуби со 3:0 во вториот тест против силната романска селекција. Избраниците на Хари Наковски денеска беа поразени во три сета во кои само во вториот одигравме рамноправно.
РОМАНИЈА – МАКЕДОНИЈА 3:0 (25:16, 28:26, 25:16)
Романците подобро влегоа во мечот и успеаја брзо да го решат првиот сет во своја полза, по што следуваѓе голема битка за освојување на вториот сет. Иако имавме шанси да израмниме, Романија на разлика со 28:26 поведе со 2:0.
Третиот сет беше реприза на оној првиот. Ние не успеавме да ја минеме границата од 16 поени и за нас дуелот заврши.
Ова беше единствен тест за нашата сениорска селекција пред стартот на Златната лига на ЦЕВ на 17 мај во Струмица, каде не очекува меч со Естонија.