Откако неколку тренери одбија, Баерн го враќа Ханси Флик!?

342

Баерн Минхен е во потрага по нов тренер кој ќе го наследи Томас Тухел. „Баварците“ имаа разочарувачка сезона, не освои ниту еден трофеј, пред неколку денови не успеа да се пласира во финалето на ЛШ, не успеа да ја одбрани титулата во Бундес лигата, а беше елиминиран и од Купот.
Баерн контактирал со неколку тренери (Ралф Рангник, Јулијан Нагелсман, Чаби Алонсо), но никој не се нафатил на работата. Најновите информации говорат дека Баерн е со идеја да го врати Ханси Флик на кормилото. 59-годишниот тренер е без работа откако беше отпуштен од селекторската функција на германскта фудбалска репрезентација.
Германскиот спортски новинар Флоријан Плетенберг пренесува дека Баерн и Флик се во преговори. Тој го предводеше Баерн од 2019 до 2021 година и освои тројна круна во 2020 година.
Севкупно со Баерн има две титули во Бундес лигата, по една во ЛШ, УЕФА Суперкупот, ФИФА Светското клупско и Купот и Суперкупот на Германија.

ПретходноХамбургер испадна од трката по место во Бундес, шеста сезона по ред ќе игра во Цвајте
СледноНајдобриот играч на Будуќност збесна: „Судиите мамат за две исти екипи…“