На скоро 24 часа до одигрувањето на реванш бараж мечот меѓу Македонија и Фарските Острови во трката за место на Светското првенство 2025 година, останува отворено прашањето дали утре од 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“ воопшто ќе се одигра дуелот.
Последните вести велат дека репрезентацијата на Фарски острови сѐ уште не полетала за Скопје, а како што пишуваат тамошните медиуми, шансите тоа да се случи денеска се минимални.
Густата магла на аеродромот во Фарски острови е причината поради летот до Копенхаген не може да се оствари, па се чекаат инструкции од Исланд на аеродромот во Кефлавик. Останува да се види какви ќе бидат временските услови денеска и какви конекции Фарските Острови можат да најдат за да допатуваат во Скопје навреме.