Фарски Острови ги чека „пекол“ во Скопје

1149

Македонската ракометна репрезентација утре (19 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ го игра реванш мечот против Фарски Острови за пласман на Светското првенство 2025 година.

Избраниците на Кирил Лазаров ги чека пеколно тешка задача, треба да анулираат седум гола негатива за да се најдат на Мундијалот следната година. Македонија низ историјата приредувала чуда, особено кога играла на домашен терен.

Нашите ракометари посакаа полна сала, а се чини таа желба ќе им се исполни. Според официјалниот сајт на мктикетс, СЦ „Борис Трајковски“ треба да биде исполенета до последното место.

Фановите секогаш биле зад ракометарите, да ги бодрат, да им го дадат потребниот ветер во грб.

ПретходноБолоња го “реши“ и Наполи, сега е пред Јуве!
СледноВо супер интересен меч Челзи со триумф кај Нотингем!