Аврамовски со гол за многу важна победа на Болуспор (ВИДЕО)

133
0

Македонскиот интернационалец Даниел Аврамовски се уште го одржува турскиот второлигаш Болуспор во трката за место во плеј-оф разигрувањето за пласман во турската Суперлига. со својот осми погодок сезонава, популарниот Цујо ја најави победата на Болуспор на мечот со Чорим во рамките на денешниот дуел од 34. коло, кој Болуспор на крајот го доби со 2:1.

Аврамоски погоди за голема радост на домашните навивачи во 71. минута, по што гостите успеаја да израмнат, но во самата завршница тимот на нашиот интернационалец успеа да постигне втор гол за победа.

Болуспор по денешниот триумф е на 7. место на табелата меѓу екипите кои се борат за пласман во плеј-оф разигрувањето.

ПретходноМајами не го дава Адебајо, ќе му понуди нов профитабилен договор
СледноПристигна авионот кој Фарските Острови, сепак, вечерва ќе ги донесе во Скопје