Владата на Бразил инсистира на прекинување на фудбалскиот шампионат

609

Министерството за спорт на Бразил побара од фудбалската конфедерација на Бразил да го прекине фудбалскиот шампионат на неодредено време. Причината за тоа се историските поплави кои ја зафатија сојузната држава Рио Гранде до Сул и кои ги погодија клубовите кои доаѓаат од таму.
Од оваа држава доаѓаат три клубови од елитната дивизија, Интернационал, Гремио и Хувентуд. Терените на Гремио и Интернационал се поплавени, а да не зборуваме за оние од пониските фудбалски лиги.
Аеродромот е затворен, голем број од патиштата се непроодни, па на клубовите им е тешко да патуваат.
Натпреварите на овие клубови се одложени на неодредено време, а Властите бараат целосен прекин на шампионатот додека не се стабилизира ситуацијата.

ПретходноНајдобриот играч на Будуќност збесна: „Судиите мамат за две исти екипи…“
СледноАлими стрелец за Сепси во триумфот над Рапид Букурешт (видео)