ВМФЛ: Детонит и официјално ќе игра бараж за прва лига, Пелистер ја совлада Победа

787

Екипата на Детонит попладнево во Гевгелија кај Кожув одигра 0:0, и со тој бод стави точка на својот пласман во оваа сезона во ВМФЛ. Овој тим е трет и како таков ќе игра бараж за пласман во елитната лига и тоа против тимот кој ќе биде на 10.место во ПМФЛ.

Беса на свој терен во рамките на 31.коло одигра само 0:0 со Башкими, а Пелистер со 1:0 славеше против Победа, во меч кој некогаш беше големо дерби.

Тетекс го победи Охрид со 2:1, екстра значајни три бода во битката за опстанок, победи и Саса на гости кај Карорман а Осогово освои бод кај Арсими.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 29.КОЛО

Арсими – Осогово 2:2

Беса – Башкими 0:0

Скопје – Беласица 2:2

Караорман – Саса 0:3

Кожув – Детонит 0:0

Пелистер – Победа 1:0

Тетекс – Охрид 2:1

Вардар (Н) – Новаци 2:1

ПретходноФото вест: МЗТ со маички – МАЦ, на загревање!
СледноВака му се честита на најдобриот: Гранада со шампионски шпалир за Реал!