Попладнево од 17 часот се играат сите мечеви од 29. или претпоследно коло во тековната сезома во ВМФЛ. Со оглед на тоа дека Беса и Пелистер и официјално се прволигаши, останува да се види дали Детонит и дефинитивно ќе стави печат на пласманот во баражот за ПМФЛ. Гостува кај Кожув и му треба бод, може и со пораз , но затоа Арсими не смее да победи дома со Осогово. На две кола до крајот Детонит има +6 пред Арсими, но и послаб скор во меѓусебните мечеви.
Ќе биде интересно и во битката за опстанок. Караорман веќе третолигаш, а четири екипи сакаат да побегнат од баражот опстанок во ВМФЛ или директно да се спасат.
Да потсетиме, екипите кои се на 15. и 16. место директно испаѓаат, а тоа 14.место води во бараж за опстанок.
Инаку да кажеме дека во Битола се игра дербито на Пелагонија меѓу Пелистер и Победа. Ова дерби некогаш во Македонија беше мега – дерби, но одамна овие две екипи се далеку од елитата во мак-фудбалот.
ДВОЈКИ ЗА 29.КОЛО – ДЕНЕСКА (17 Ч)
Тетекс – Охрид
Беса – Башкими
Пелистер – Победа
Арсими – Осогово
Скопје – Беласица
Вардар (Н) – Новаци
Караорман – Саса
Кожув – Детонит
ТАБЕЛА
Беса 73, Пелистер 67, Детонит 56, Арсими 50, Охрид 42, Скопје 40, Вардар (Н) 39, Беласица 38, Башкими 38, Кожув 37, Новаци 31, Победа 28, Осогово 26, Тетекс 24, Саса 23, Караорман 15…бодови