Шампионско славје на Аријан Адеми и Стефан Ристовски со нивниот Динамо Загреб вечерва на “Максимир“. И официјално Динамо Загреб е шампион на Хрватска.
Легендата на Динамо, Аријан Адеми со гол со глава во 73.минута донесе победа над Осијек. Откако претходно Ријека забележа пораз кај Вараждин, на Динамо му требаше било каква победа за да и официјално “модрите“ бидат шампиони, тоа и се случи и со тоа заврши приказната околу тоа кој е нај, нај во тековната сезона.
ARIJAN ADEMI MAKES IT 1-0 FOR DINAMO IN THE 73RD MINUTE AND GETS THEM CLOSER TO WINNING THEIR 25TH LEAGUE TITLE!!!
Josip Mišić with a beautiful cross and Ademi with a lovely header to score his second goal in the HNL this season. 🚨pic.twitter.com/dKf7zHan1z
— 🇭🇷 (@TheCroatianLad) May 11, 2024
По завршување на мечот вистинска лудница на “Максимир“, се славеше титула.
ФОТО: NK Dinamo Twitter