И Ѓулер стрелец: “Кралевите“ и со резервен состав убедливи кај Гранада! (ВИДЕО)

301

Без разлика што уште минатото коло ја осигура титулата, без разлика што играше речиси со резервен состав, Реал Мадрид покажа зошто е шампионски тим.

Имено на гостувањето кај Гранада, составот на Карло Анчелоти успеа да победи со 0:4.

Првиот гол падна дури во 38.минута кога стрелаше Гарсија, на 0:2 па пауза се замина поради голот на Арда Ѓулер во 45+2.минута.

Во продолжение од средбата Реал искусно и квалитетно не се трошеше непотребно, но сепак со головите на Брахим Диаз во 49. и 59.минута дојде до убедливи 0:4 на гостувањето кај Гранада.

ПретходноВо супер интересен меч Челзи со триумф кај Нотингем!
СледноНикогаш поемотивен меч: МЗТ победи за Мац, „Фемили“ пееја за својот другар (ФОТО)