Мајами не го дава Адебајо, ќе му понуди нов профитабилен договор

68

Мајами нема да му дозволи на Бем Адебајо да си замине и ќе му понуди договор на долг рок.

Се очекува центарот да добие профитабилна долгорочна понуда за продолжување на договорот од Хит оваа вонсезона, пишуваат локалните медиуми.

Адебајо е еден од најдобрите дефанзивни центри во лигата, рангиран во првите пет најдобри одбранбени играчи во гласањето во секоја од последните пет сезони.

Во сезоната 2023/24, Адебајо имаше просек од 19,0 поени, 10,3 скока, 3,9 асистенции по меч.

ПретходноКадетите поразени на вториот тест со Австрија
СледноАврамовски со гол за многу важна победа на Болуспор (ВИДЕО)