Мишовска освои сребро, Заборски заврши петти на ЕП во Задар

103

Нашата каратистка Михаела Мишовска загуби во борбата за златен медал на Европското првенство во Задар против домашната натпреварувачка Сгардели на поени со 0:8. И покрај поразот, Мишовска го забележа најголемиот успех во кариерата освојувајќи го сребрениот медал. Таа единствената која успеа на ова ЕП да освои медал. Петар Заборски кој имаше шанса за бронзен медал, на крајот заврши како петтопласиран во својата категорија. Во борбата за медал Заборски беше поразен од Дуарте од Португалија. На ова ЕП македонските ката тимови и во двете конкуренции го освоија 7. место.

ПретходноДеби – гол на Македонецот: И Здравковски „тресе“ во Шкотска! (ВИДЕО)
СледноБолоња го “реши“ и Наполи, сега е пред Јуве!