Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал го заврши учеството на Мастерсот во Рим, откако денеска беше елиминиран во второто коло од полскиот тенисер Хуберт Хуркач. Полскиот тенисер славеше по 93 минути – 2:0 (6:1, 6:3).
Веќе во првиот гем Надал имаше пет брејк топки, но не успеа да ги искористи. Потоа, во вториот гем Хуркач имаше две шанси да го одземе сервисот на ривалот, но Надал успеа да го добие гемот и да израмни – 1:1.
Тоа беше единствениот гем на Надал во првиот сет – Хуркач направи брејк во четвртиот гем, го одзеде сервисот на својот ривал во шестиот гем и поведе во сетови.
Хуркач до првиот брејк стигна во вториот сет во третиот гем. Поведе со 2:1, а потоа во деветтата ја искористи првата меч топка и се пласираше во следната фаза. Во следното коло Хуркач ќе игра против Томаш Мартин Ечевери од Аргентина.