Партизан го елиминира Будуќност во полуфиналето од АБА лигата и се пласира во финалето каде што ќе игра против вечниот ривал Црвена Звезда. Во мајсторската „црно-белите“ го победија тимот од Подгорица и изборија место во финалето.
Најдобриот кошаркар на Будуќност, Јоги Ферел не можеше да го сокрие разочарувањето од поразот пред се од однесувањето на судиите и „удри“ по нив после мечот. Ферел доби две технички грешки и мораше надвор од теренот.
Прво поради продолжен контакт при шут за три поени со противничкиот играч Аврамовиќ, а потоа поради приговор затоа што му беше свирен фаул поради контакт со Кевин Пантер која кошаркарот на Партизан шутираше тројка.
„Како и обично, судиите мамат за истите две екипи, да играат меѓу себе за титулата. Нема интегритет во оваа лига“, изјави Ферел.