Нено со 19 поени не успеа да спречи нов пораз на Уникс Казан

116

Ниту 19-те поени на Ненад Димитријевиќ не му помогнаа на Уникс Казан да спречи нов пораз во полуфиналето на плеј-офот од ВТБ лигата. Екипата на нашиот репрезентативен „плеј“ загуби на првото гостување во Кубан со 89:83 и ја загуби предноста која ја стекна со стартната победа пред своите навивачи.

Димитријевиќ и денеска беше лидер на Уникс заедно со американецот Рејнолдс, но двајцата се чини беа премалку за победа на гости. Покрај 19-те поени, Нено мечот го заврши и со два скока и 8 асистенции.

ПретходноПСВ купи фудбалер од Баерн
СледноНадал уште во 2. коло елиминиран на Мастерсот во Рим