Во мечот на двата нови прволигаши, МКК Куманово предводен од најуспешниот македонски селектор, Марин Докузовски го победи Шкупи (77:59), додека Ангели завршува како трет по победата против Маџари (85:56).
Вечерва беше означен и крајот на натпреварите во Втората лига-мажи. Со мини-турнирот одигран во салата „„Перо Наков“, четирите најдобри екипи во регуларниот дел, потоа и во разигрувањето, се собраа на едно место, за да одлучат која е најдобрата од нив.
Во големото финале, се сретнаа двата финалисти на плеј-офот, МКК Куманово и Шкупи. А во последните 40.минути, двата нови прволигаши покажаа дека со право се изборија за овој статус. Одиграа доста интересен натпревар во кој на крајот како победник излегоа кошаркарите на МКК Куманово.
Славеа со резултат (77:59), и сосема заслужено го подигнаа победничкиот трофеј, наменет за најдобрата екипа во натпреварувачката сезона 2023/2024.
Претходно, се одигра и натпреварот за третото место во конечниот редослед. Натпревар во кој екипата на Ангели славеше убедлива победа против Маџари (85:56).
Со тоа, втора година по ред екипата од Драчево завршува како третопласирана во оваа второлигашка конкуренција, во која во наредната натпреварувачка сезона ќе играат екипите на Бутел и на Црн Дрим, додека од ова друштво испаднаа екипите на Куманово 2009 и на Тетекс ТТК.