0
Новиот холандски шампион ПСВ Ајндховен го откупи договорот на 21-годишниот напаѓач Малик Тилман од редовите на Баерн. Тој настапуваше за холандскиот тим како позајмен, а договорот е откупен за 12 милиони евра. ПСВ и Тилман потпишаа соработка до јуни 2028 година.
Тилман му се приклучи на Баерн од Гројтер во 2015 година. Играше за младинскиот тим, па направи пробив до сениорскиот со седум настапи и еден гол. Потпиша договор до 2026 година, но силната конкуренција го принуди да развива во друга средина.
Офанзивниот играч за врска оваа сезона за ПСВ одигра вкупно 37 натпревари (26 во Ередивизијата) и постигна девет голови.
MALIK TILLMAN = OURS!
pic.twitter.com/RXSPbkvrZB
— PSV (@PSV) May 10, 2024