Македонската репрезентативка, Сара Ристовска и нејзината ЦСКА Москва се пласираа во финалето на рускиот шампионат. Нашата најдобра ракометарка и нејзиниот тим ќе ја бранат титулата, а до оваа фаза стигнаа откако дојде до нова победа против Астраханочка.
ЦСКА Москва на првиот натпревар победија со 35:28, додека денеска беа подобри со убедливи 30-21.
Ристовска беше еден лидерите во својот тим, зад нејзиното име стоеја четири гола од пет обиди.
Во финалето ЦСКА ќе игра со подобриот од Ростов или Черноморочка.